Отворен NFT музеј- Место каде што можете да ја видите дигиталната уметност во реалниот свет

95

Музеј посветен на NFT – креации базирани на блокчејн кои го освоија светот на уметноста – ги отвори своите врати во САД.

Музејот на NFT (non-fungible tokens – незаменливи токени) во Сиетл содржи оригинални уметнички дела со објаснувања за технологијата зад него и е дизајниран да им помогне на посетителите да се движат низ новиот свет на незаменливи токени.

Целта на физичкиот простор е да им го олесни пристапот на сите, изјави за АФП ко-основачот на музејот Питер Хамилтон.

Можете да влезете овде, и во зависност од тоа колку знаете или не знаете за дигиталната уметност, за NFT, тоа не е важно, бидејќи можете да видите уметност на екран со голем формат, на начин кој ќе ве потсети или да биде познат како музејска поставка.

NFT е дигитален сертификат кој ја потврдува сопственоста на уметничкото дело во дигиталниот свет, а со него се тргува исклучиво во криптовалути.

Иако нивната содржина може да се копира, NFT е “оригинален“, на ист начин како што има безброј отпечатоци од “Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи, но само Музејот Лувр го има оригиналот.

Инвеститорите и богатите колекционери во последниве месеци се обидоа да се вклучат во најновата дигитална лудост, која се потпира на истата блокчејн технологија која ги движи криптовалутите.

На неодамнешните аукции беа платени огромни суми за NFT, вклучително и 69,3 милиони долари за дигитално дело на уметникот Бипл на аукција во Christie’s.