Цените на фјучерсите на гасот за мартовските испораки во Европа вчера паднаа под 800 долари, откако скокнаа над 1.000 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.
Вредноста на договорот почна да паѓа од самото отворање на берзата кога изнесуваше 926 долари, а по првиот час го забрза падот. Во 17:52 часот по средноевропско време цената на мартовските фјучерси падна на 798 долари, што е за повеќе од 16 отсто пониско од цената на порамнувањето од претходниот ден – 943 долари.











