ДЗР: Јавниот долг го достигна нивото од 60 отсто од БДП

Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на успешност – Управување на јавниот долг-задолжување на Република Северна Македонија.

Ревизијата е извршена согласно годишната Програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2020 година и го опфаќа периодот 2015 – 2020 иако одредени области, прашања и настани се опфатени пред 2015 година.

„Преку анализа на фискалната политика и портфолиото на долгот утврдивме дека
75% од вкупниот јавен долг, односно 88% од државниот долг е со намена за
финансирање на буџетскиот дефицитот каде се проектирани повисоки расходи од
приходи, а изворите за финансирање се преку задолжување од домашни и странскиизвори што има големо влијание врз создавањето, цената, одржливоста и
управувањето со јавниот долг.
Отсуство на клучни процеси во управувањето со јавните инвестиции влијае на
зголемување на цената на проектите, а со тоа и на ефикасно управување со јавниот
долг.
Во Република Северна Македонија во COVID -19 кризата јавниот долг е зголемен за
15 п.п. од БДП и постигнат е лимит на јавен долг од 60% од БДП што може да ја доведе во прашање прудентноста и одржливоста на јавниот долг во иднина. Отсуството на посебен закон/подзаконски акт или стратешки документ за водење на јавните финансии во исклучителни околности /кризна/вонредна состојба претставува
ризик во управувањето со јавниот долг“, стои во извештајот.

Целосниот извештај може да се прочита на https://dzr.mk/sites/default/files/2022-02/62_Upravuvanje_so_javen_dolg_Zadolzuvanje_na%20RSM_2021_1.pdf.