Хрватска го намалува ДДВ за гас, храна, топлинска енергија

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ги презентираше мерките за ублажување на влијанието на силниот раст на цените на енергијата, храната и другите стоки врз стандардот на граѓаните, во рамки на пакетот за поддршка во вредност од 4,8 милијарди куни (637,7 милиони евра).

Пакетот мерки опфаќа даночни олеснувања, односно намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) на одредени производи и услуги, ограничување на поскапувањето на струјата на 9,6 отсто и гасот на максимум 20 отсто, субвенции за цената на гасот за домаќинства, зголемување на надоместоците за социјално загрозените, исплата на еднократна помош на пензионерите …

„Пакетот ќе биде дарежлив и силен, ќе се грижи за најзагрозените, претприемачите, пензионерите и земјоделците“, рече Пленковиќ.