Корона кризата скапо ја чинеше германската економија, проценува Ифо институтот.
Според проценките на институтот, во изминатите две години корона кризата и нанела штета на Германија во износ од 330 милијарди евра.
„Тоа одговара на загуба од 10 отсто од БДП во 2019 година“, рече шефот на Ifo, Тимо Волмерсхојзер.
Идните загуби поради недостатоци во образованието не се вклучени во оваа пресметка.











