Просечната нето-плата по вработен во Хрватска во декември минатата година изнесувала 7.280 куни (965 евра), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во однос на ноември, просечната нето-плата во декември е пониска за 0,7 отсто.
Во последниот месец од минатата година, највисока просечна нето плата имаат вработените во областа на развој и истражување на пазарот, 11.676 куни (1.548 евра), а најниска во производството на облека, 4.521 куни (599 евра).