Дали хартиените кеси се подобри од пластичните?

247

Хартиените кеси изгледаат како добра алтернатива на пластиката кога се пакуваат овошје и зеленчук во продавниците. Вообичаено е да мислат дека се лесни за рециклирање, дека можат да се направат од рециклирана хартија и дека се биоразградливи. Сепак, експертите велат дека нивното влијание врз животната средина е уште полошо од пластичните кеси.

Пред сѐ, потребни се повеќе материјали за да се произведе издржлива хартиена кеса. Ова подразбира хемиски третирани влакна. Покрај тоа, за производството на целулоза треба повеќе енергија и вода.

Поради овие причини, кесата за еднократна употреба, од свежи хартиени влакна, треба да се користи најмалку трипати почесто од пластична кеса за да се избалансира климатското влијание.

Покрај тоа, некои познавачи велат дека многу производители сè уште користат пластична или алуминиумска фолија залепена внатре за да спречи кинење на хартијата кога ќе дојде во допир со влага. Ваквата обработена хартија е проблем, бидејќи тешко да рециклира.

Германското Федерално министерство за животна средина, исто така, ги оценува хартиените кеси како „не многу подобри од пластичните кеси за еднократна употреба“. Сè на сè, доколку се користат хартиени кеси, задолжително е да се употребуваат неколкупати, советуваат од Министерството.

Околу алтернативите, според наводите, полиестерските мрежи за овошје и зеленчук за повеќекратна употреба се на врвот на скалата на одржливост.

Памучните мрежи се на второ место, под претпоставка дека ќе се користат повеќепати. Сепак, тие мора да се направени од органски памук, инаку процесот на производство може да биде многу штетен за животната средина поради големата употреба на вода.

Пластичните кеси направени од пченкарен или компир скроб, кои се прикажуваат како „биоразградливи“, според стручњаци, исто така, се спорни.