Двата корејски производители на екрани Samsung и LG се многу близу до масовно производство на флексибилни екрани, но сепак во ограничени количини. Водечката компанија во оваа технологија, Samsung, веќе со години презентира прототипови на вакви производи.
Според корејскиот портал ETNews, компаниите Samsung Display и LG Display ќе произведат лимитирана масовна серија на флексибилни екрани овој ноември. Како што пишуваат медиумите Samsung се очекува да произведува 1,5 милиони 5-6 инчни екрани месечно, додека таа бројка кај LG би била околу 500.000 флексибилни екрани.
Екраните од првата генерација сепак нема да бидат флексибилни. Имено, тие ќе бидат обложени со круто стакло, слично како like Youm прототипот, кој беше презентиран во јануари.
Предностите на пластичниот екран ќе бидат поголемата издржливост и отпорност на кршење. Тие исто така ќе бидат потенки и полесни од екраните со стакло.