Спречен хакерски напад на интернет страницата на ТТК Банка

Успешно е спречен хакерскиот напад на кој беше изложена интернет страницата на ТТК Банка.

Имено, на 22 февруари, во вечерните часови беше направен обид за хакерски упад на интернет страницата на ТТК Банка.  Благодарение на ефикасната заштита на системот и брзата реакција, интернет страницата по краток прекин, брзо беше вратена во функција и беше повторно достапна. Нема последици од нападот. Случајот е пријавен во МВР,  соопшти утрово ТТК банка.

Хакерската група „Моќна грчка армија” вчера објави дека извршиле упади во неколку македонски банки.