Поскапување: Цената на гасот во Европа надмина 960 долари

Цената на гасот во Европа денеска се искачи над 960 долари за 1.000 кубни метри, првпат од 14 февруари, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

На холандскиот пазар ТТФ набавката на гас за испорака во март беше договорена по цена од 960,6 долари за илјада кубни метри, или 82 евра за мегават час, пренесува Танјуг.

Цената на гасот од почетокот на годинава поскапе за околу 2,8 отсто.

„Добредојдовте во новиот свет каде Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за гас“, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.

Тоа го изјави на својот Твитер профил по објавувањето на веста дека Германија ќе го одложи сертификацијата на рускиот гасовод Северен тек 2.