Стимулациите за енергетска ефикасност се најголемата измама во историјата на Италија, во која се украдени дури 4,4 милијарди евра.
Италијанскиот министер за финансии Даниел Франко мораше да признае дека програмата за поттикнување инвестиции во енергетска ефикасност е „една од најголемите измами во историјата на Италија“.
Имено, италијанските власти сега тврдат дека криминалците во голем број италијански градови исценирале лажни шеми и на тој начин добиле вкупно повеќе од 4,4 милијарди евра.
Дури и италијанскиот премиер Марио Драги јавно го крена гласот на прес-конференција овој месец за срамниот систем за енергетски стимулации кој не предвидуваше сериозни проверки.
Неговата влада постави построги правила, но штетата од лабаво поставените правила за поттикнување е огромна – од давање „евтини“ можности на организираниот криминал до експлозија на цените во градежниот сектор.
Во суштина, огромните количини на стимулации – дизајнирани да ја подобрат изолацијата на становите и куќите, подобри прозорци и почисти и поефикасни котли – завршија со инвестирање во други видови средства, вклучително и криптовалути и злато.
Пред скандалот минатата година, главниот италијански иследник за организиран криминал, Маурцио Валоне, предупреди дека италијанската мафија N’dragheta се инфилтрирала во италијанските компании гладни за капитал за да ги искористи парите на Италија од ЕУ како дел од многу амбициозната програма за закрепнување.
Нејасно е точно колкава финансиска стимулација добила италијанската мафија преку програмата за закрепнување на ЕУ или колку ќе добие, но познато е дека минатата година Банката на Италија пријавила седум отсто повеќе сомнителни финансиски трансакции и нивниот број достигна 113.000.
Принципот на работа на мафијашите е многу едноставен: тие им даваат пари на сопствениците на фирмите во неволја и на тој начин се позиционираат како тајни косопственици и чекаат исплата од фондовите на ЕУ.











