Кина нема да им се придружи на САД и европските земји во воведувањето финансиски санкции кон Русија, објави кинеската Регулаторна комисија за банкарство и осигурување.
Агенцијата АП наведува дека Кина е голем купувач на руска нафта и гас и дека е единствената поголема администрација која се воздржувала да ја критикува Москва за нејзината воена операција во Украина.
Претседателот на Регулаторната комисија Гуо Шукинг рече дека Пекинг е против секаков вид санкции.
„Нема да се приклучиме кон санкциите и ќе одржуваме нормална економска, трговска и финансиска размена. Не ги одобруваме финансиските санкции, особено оние кои се наметнуваат еднострано бидејќи немаат доволна правна основа и нема да имаат добро влијание“, нагласи Шукинг.