Колкава дивиденда ќе исплати Алкалоид

2883

Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 03.03.2022 година, донесе одлука за распоредување на нето добивката остварена во 2021 година.

Согласно Одлуката за употреба и распоредување на нето добивката остварена по годишната сметка за 2021 година, на акционерите им се исплатува дивиденда за 2021 година во висина од 396,00 денари нето, односно 440,00 денари бруто, за една акција.

Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2021 година е 19.04.2022 година.

Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2021 година е 20.04.2022 година.

Датум на стекнување на право на дивиденда за 2021 година е 21.04.2022 година.

Исплата на дивидендата за 2021 година ќе започне од 18.05.2022 година.

Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 03.03.2022 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2021 година во износ од 440,00 денари бруто, односно 396,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 400,00 денари бруто, односно 360,00 денари нето е поголема за 10% на нето основа.