Црна Гора: Ограничено купувањето на брашно и масло

По бројните информации дека на црногорскиот пазар, поради конфликтот меѓу Русија и Украина, реално може да се очекува ново поскапување на брашното, житариците и маслото, вчера во маркетите е направен огромен метеж поради купувањето на овие намирници во огромни количини.

ПР на компанијата „Воли“, Оливера Шушкавчевиќ за „РТЦГ“ изјави дека поради нерационални набавки ја ограничиле продажбата на овие намирници, на вреќа брашно и пакување масло.

Шушкавчевиќ рече дека има доволно залихи и дека нема потреба за грижа.

„Големи беа гужвите, како пред две години кога луѓето купуваа храна во големи количини. Денеска главно се купуваше брашно и масло“, вели Шушкавчевиќ.

Таа рече дека ја ограничиле продажбата на овие намирници поради денешното нерационално купување.

Како што неофицијално дознава порталот, и во други маркети е ограничена продажбата на брашно и масло.