Биричевски: Русија продолжува со испораките на гас за Европа

Директорот на одделот за економска соработка на Министерството за надворешни работи на Русија, Дмитриј Биричевски изјави дека Русија ќе продолжи да ги исполнува своите обврски во однос на испораката на гас во Европа.
„Што се однесува до гасниот сектор, Русија нема намера да се откаже од својата позиција на сигурен снабдувач на европскиот пазар на гас“, изјави Биричевски во интервју за РИА Новости.

Тој посочи дека руските компании ќе продолжат да ги исполнуваат своите договорни обврски и во однос на снабдувањето и транзитот.