Турција нема да воведува санкции кон Русија

Турција нема да се придружи на одделните западни земји кои ѝ воведоа санкции на Русија поради специјалната операција во Украина, кажа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на Дипломатскиот форум во Анталија.

„Ние веруваме дека санкциите нема да го решат проблемот“, кажа Чавушоглу на прашањето за ставот на Турција во врска со санкциите против Русија, пренесува ТАСС.

Тој како пример го даде затворањето на воздушниот простор.

„Во согласност со Конвенцијата од Монтре немаме овластувања да го затвориме, тоа е законска обврска“, наведе Чавушоглу.