Маск бара работници за фабриката во Германија

144

Германските власти пред неколку одобрија Тесла да започне со производство на електрични возила  во својата прва голема фабрика во Европа, која е изградена во Берлин.

Во екот на проблемите со нафтата и поскапувањето на црното злато, производителите на електрични модели дополнително ја наоѓаат својата шанса на „жешкиот“ автомобилски пазар, а најмногу се издвојува империјата Илон Маск.

Имено, компанијата на 6 март преку Твитер ги покани сите заинтересирани да се приклучат на германскиот тим, а на бројот на отворени позиции „не му се гледа крајот“.