Комисијата за политички систем на Владата на Црна Гора едногласно го усвои пакетот санкции против Русија, кој претходно беше воведен од Советот на Европската унија (ЕУ).
Санкциите се однесуваат на 696 руски граѓани, како и на финансиски институции, имот, трговија и дистрибуција на стоки…
На листата се рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, рускиот министер за внатрешни работи Владимир Колоколцев, Рамзан Кадиров, рускиот претседател на Чеченија, поранешниот руски претседател и актуелен потпретседател на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев.
На списокот се и Игор Сечин, извршен директор на руската државна нафтена компанија Роснефт, Николај Токарев, извршен директор на руската компанија за нафта и гас Транснефт.