Египет соопшти дека ќе ја зголеми транзитната такса за бродовите што минуваат низ Суецкиот канал, вклучително и танкери за нафта.
Властите објавија на веб-страницата дека ќе ја зголемат транзитната такса од сегашните пет на 15 проценти за танкери кои превезуваат нафта и нафтени деривати, пренесува АП.
Надоместоците за танкери со хемикалии и други течни суровини ќе се зголемат од 10 на 20 отсто.
Бродовите што превезуваат возила, општ товар, како и повеќенаменските бродови наместо досегашните седум проценти, ќе треба да платат 14 проценти за транзит.
Зголемувањето на транзитните такси ќе стапи на сила на 1 мај, а подоцна може да се ревидира или укине, во согласност со промените во глобалната пловидба.











