Владимир Путин денеска изјави дека „нема смисла да се испорачува стока од Руската Федерација во ЕУ и да се примаат стоки во нивната валута и дека плаќањето за гас ќе се претвори во рубљи“.
„Донесена е одлука плаќањата за испорака на гас во Европа да се претворат во рубљи што е можно поскоро“, изјавил рускиот претседател, пренесува ria.ru.
Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари, а како одговор, западните земји најавија тешки санкции кон Москва, пред сè во банкарскиот сектор и снабдувањето со високотехнолошки производи.
Некои брендови најавија дека ќе престанат со работа во земјата. Кремљ овие мерки ги нарече „економска војна“, а властите ја истакнаа својата подготвеност за таков развој на настаните и уверија дека ќе продолжат да ги исполнуваат своите општествени обврски.