КИЕЛ Македонија почнува со изградба на нова фабрика во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра и 300 нови вработувања

241

„Почнува реализацијата на нова инвестиција на КИЕЛ Македонија во ТИРЗ Тетово. Компанијата КИЕЛ која е водечки производител на седишта за возови, автобуси почнува со изградба на новиот производствен погон во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра.

Во новиот производствен погон во Тетово кој ќе се простира на површина од 7.500 метри квадртарни предвидено е да бидат отворени 300 нови работни места од Полошкиот регион, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што напиша Бектеши, според планот за реализација со производството од новиот погон КИЕЛ Македонија ќе започне до крајот на 2022 година.

„Министерството за економија даде согласност за потпишување на Договор помеѓу Друштво за производство на внатрешни компоненти КИЕЛ МАКЕДОНИЈА и НОРМАК ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП со што почнува реализацијата на оваа нова инвестиција“ напиша Бектеши на Фејсбук.