Милијарди на чекање: Спојувањата и превземањата намалени, војната сее песимизам

90

Вредноста на глобалните спојувања и превземања  падна за 29 отсто во првиот квартал од 2022 година по минатогодишниот голем скок во склучувањето на овие зделки, бидејќи војната во Украина посеа песимизам кај инвеститорите.

Вкупниот бизнис потона на 1,01 трилиони долари од 1,43 трилиони долари во првиот квартал од 2021 година, според Dealogic, повлечен од падот на прекуграничните трансакции за 29 отсто бидејќи геополитичките тензии ги принудија големите компании да паузираат или да го одложат пребарувањето за големи стратешки аквизиции во странство.

„Зголемувањето на цените на енергијата, дислокацијата на синџирите на снабдување и зголемената инфлација се клучни фактори кои влијаат и на корпоративниот и на приватниот капитал денес“, рече Двејн Лајзагт, ко-директор на М&А во JPMorgan Chase за Европа, Блискиот Исток и Африка, пренесе Ројтерс.