Се укинува мерката за условен увоз на пченица

22

pcenicaOд 2 септември, привремената мерка за условен увоз на пченица од странство ќе биде укината. Владата на Република Македонија ја донесе оваа одлука, откако е одлучено дека пазарот е стабилизиран, предизвикот се надминува и се создаваат услови за укинување на оваа заштитната мерка.

“Домашното производство е околу 95% откупено, со што се создадоа услови за повлекување на заштитната мерка”, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на редовната прес-конференција..

Тој додаде дека Владата била информирана и за завршувањето на процесите за стабилизација и на пазарот на брашно во земјата и се очекува да се укине и мерката за условен увоз на брашно од странство во првата половина на септември.

“Мерките беа донесени врз основа на домашното и меѓународното право, врз основа на длабока аргументација и со цел заштита на домашното производство, цениме дека истите ја постигнаа целта, помогнаа за стабилизирање на пазарот и ги надминаа предизвиците од евентуални какви било нарушувања”, посочи владиниот портпарол.