Најбогатиот човек на светот не верува на статистиката: „Официјалните бројки не укажуваат на реалната стапка на инфлација“

157

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, смета дека стапката на инфлација е повисока од онаа којашто наведена во официјалните извештаи и очекува дека инфлацијата ќе продолжи до крајот на оваа година.

Стапката на инфлација во САД е највисока во последните 40 години, а причина за тоа е руската агресија врз Украина. Маск, кој е директор на Tesla, изјави дека Tesla се стреми да произведува што е можно поприфатливи електрични возила, но дека зголемувањето на цената на суровините е голем проблем. Тој се сомнева дека официјалните извештаи за инфлацијата се вистинити.

„Мислам дека официјалните бројки не укажуваат на реалната скала на инфлација. Инфлацијата најверојатно ќе продолжи до крајот на оваа година. Она што ги прави ниски трошоците на краток рок се претходно склучените договори со добавувачите. Откако ќе истечат, тогаш ќе видиме колку ќе бидат високи трошоците“, истакна Маск.

Освен поскапувањето, компанијата Tesla, но и другите производители на автомобили, се погодени од недостиг на чипови. Маск тврди дека неговата фабрика испорачува автомобили по најдобри можни услови, пренесува CNBC.