Доларот остана блиску до двегодишниот максимум, еврото благо зајакна

63

Доларот денеска остана блиску до највисокото ниво во последните две години на азиската трговија, бидејќи загриженоста за економското влијание на кинескиот „локдаун“ ја зголемува побарувачката за американската валута како безбедно засолниште.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на доларот во однос на шесте главни ривали, утринава се лизна за 0,13 отсто на 101,59 поени, но сепак останува блиску до максимумот од 101,86 поени што го достигна за време на ноќта, пренесе Ројтерс.

Од почетокот на април порасна за 3,3 отсто што е негов најголем раст во еден месец од ноември 2015 година.