АД ЕСМ воведе нови мерки за штедење и ги прошири мерките кои ги донесе во декември 2021г, со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза.
Со најновите мерки ревидирани се планот за јавни набавки, финансискиот план и програмата за инвестиции за 2022г.
- Годишен план за јавни набавки (ГПЈН)-намалување за 96 милиони евра (5.861.339.686 денари)
- Годишен финансов план-намалување расходи за 8,3 милиони евра (515.194.000 денари)
- Годишна инвестициска програма (ГИП)-намалување за 117 милиони евра (7.211. 301.293 денари)
- Преземени се пошироки мерки за заштеди и преку намалување на издатоците за плати и надоместоци, почнувајќи од платите во Управниот одбор, односно намалени се платите на генералниот директор на АД ЕСМ, и на заменик генералниот директор, како и други издатоци на име месечни примања, кои ќе придонесат за намалување на трошоците во делот на платите.
Издадени се решенија за мерка принуден одмор до два месеци врз основа на доброволно пријавување на работниците, согласно Законот за работни односи, со исплата на 70% од платата, со што исто така ќе се остварат заштеди.
Уште од декември 2021г. намалени или целосно запрени се и сите други трошоци, односно:
- спонзорства
- репрезентации
- службени патувања кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија
- сведена е на неопходниот минимум исплатата на прекувремени работни часови
- законската дневница за патување се исплаќа во половина износ
- запрена е набавката на возила, освен возила потребни за производниот процес
- употребата на патнички возила е целосно и строго рационализирана.
Мерките се насочени кон намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси.