Една од најголемите компании загуби 26 милијарди долари поради лажни вести

247

Алибаба, кинескиот гигант за онлајн трговија чиј ко-основач е познатиот Џек Ма, во вторникот доживеа пад на акциите во Хонг Конг за цели 9,4 отсто.

Ова дојде откако кинеските државни медиуми објавија дека поединец по име Ма, во градот Хангжу – каде што е сместена Алибаба – е приведен поради национална безбедност.

Според кинеската државна телевизија CCTV, на 25 април, осомничениот бил под „задолжителни мерки“ поради сомневање дека „соработувал со прекуокеанските антикинески непријателски сили“ со цел да „охрабри отцепување“ и „поттикнување субверзија на државната власт “.

Извештајот од една реченица, кој брзо беше превземен од другите државни медиуми на кинеските информативни платформи, предизвика паника во Хонг Конг, бришејќи ја проценетата пазарна вредност на Alibaba од 26 милијарди долари за неколку минути.

Ху Ксијин, поранешен главен уредник на државниот националистички таблоид Глобал Тајмс, побрза да објасни на кинеската мрежа Веибу дека извештајот е погрешен бидејќи името на осомничениот има три знаци.

Кинеското име Џек Ма, или Ма Јун како што е неговото вистинско име, има само два знака. CCTV подоцна го ажурираше својот оригинален извештај за да одговара на наводите на Ху.

За дополнително да ја смири загриженоста, Глобал Тајмс објави дека обвинетиот маж е роден во 1985 година во Венжоу (додека Џек Ма е роден во 1964 година во Хангжу) и работел како директор за истражување и развој на хардвер во фирма за ИТ.