Зголемен бројот на туристи во Македонија

130
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2022 година изнесува 39 786, од кои 43.1 % се домашни туристи, а 56.9 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во март 2022 година изнесува 87. 074, од кои 44.1 % се од домашните туристи, а 55.9 % од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 45.9 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 21.0 %, а кај странските зголемувањето е за
79.5 %.

Во периодот јануари – март 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 41.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 22.2 %, а кај странските зголемувањето е за 67.0 %.