Во арборетумот Трстено крај Дубровник вчера започна снимањето на четвртата сезона на популарната серија Game of Thrones. По завршувањето на снимањето на оваа локација, сетовите ќе се преместат во Дубровник, Сплит и уште неколку места, а снимањето во Хрватска ќе трае 37 дена. HBO, во чија продукција е серијата, на снимањето на серијата во Хрватска ќе потроши 5,3 милиони евра, од кои државата ќе им врати нешто повеќе од еден милион.
“За снимање во Хрватска плативме 5,3 милиони евра, а државата ќе ни врати околу еден милион евра, што е фантастично и една од причините зошто го избравме Дубровник. Ако имаме потреба за кадри од Хрватска, ќе се вратиме и за петтата сезона”, вели Бернардет Каулфилд, продуцент, пишува Јутарњи лист.
Доаѓањето на Game of Thrones по трет пат во Дубровник ги поттикна и туристите, кои во организирани тури ги посетуваат локациите на снимање.