Биткоинот се опоравува – Забележа најголем раст во последните две недели

41

Биткоинот забележа најголем раст во последните две недели, приближувајќи се до нивото од 31.000 американски долари денес поради олеснувањето на рестриктивните мерки на Ковид во Кина го зголеми ентузијазмот на инвеститорите за инвестирање во поризични средства.
Најголемата светска криптовалута по пазарна капитализација зајакна за дури 5,8 отсто на 30.858,53 долари на денешното тргување во Лондон, пренесува „Блумберг“.

Етер и други помали криптовалути, кој претрпе голем пад минатата недела додека Биткоин беше релативно стабилен, исто така закрепнаа.

Вредноста на криптовалутите повторно ги следи цените на акциите на берзите, велат аналитичарите. Акциите на азиските и европските пазари растат од утрово откако главниот индекс на Волстрит, S&P 500, во петокот зајакна за повеќе од 6,0 отсто на неделно ниво.