Пченичното брашно во Африка поскапе за околу 45% поради војната во Украина

38

Луѓето ширум Африка плаќаат околу 45 отсто повеќе за пченично брашно, бидејќи транспортот преку Црното Море е блокиран поради војната во Украина.

Некои земји, како Сомалија, добиваат повеќе од 90 отсто од пченицата од Русија и Украина, па оваа ситуација принуди голем број луѓе да ја заменат пченицата со други житни култури, пренесува АП.

Шефот на Светската програма за храна изјави дека војната во Украина за сиромашните ширум светот е „нова катастрофа на веќе постоечката“.