Mеѓународниот автомобилски резервен пазар повторно се собира во Франкфурт на саемот на Automechanika од 13 до 17 септември 2022 година. Најстариот и најголемиот бренд кога станува збор за афтермаркетот повторно ќе ги собере најголемите имиња од оваа област на едно место. На официјалната прес-конференција во Виена која служи како најава за настанот, присуствуваше и редакцијата на Авто Плус.
По паузата наметната поради ковид-кризата, Automechanika се враќа во Франкфурт, а организаторите веруваат дека настанот ќе привлече огромно внимание. Причина за тоа се и одличната посетеност на Automechanika Istanbul каде имаше 20 проценти повеќе посетители од очекуваното. На саемот своето учество веќе го потврдија над 2.000 водечки компании од над 60 земји. Исто така, наградите за иновации на Automechanika добија рекорден број на пријавени, а главни области на фокус на настанот ќе бидат автомобилска логистика, одржливост, обука, професионален развој и регрутирање.
И покрај намалениот број на изложувачи од Истокот и земји како Кина и Русија, Олаф Мусхоф, директорот на Automechanika Frankfurt, е воодушевен од позитивните повратни информации од секторот: „Со нетрпение очекувам да видам бројни меѓународни клучни играчи и трговски посетители од целиот свет овде во Франкфурт. Тоа е долгоочекуваната можност лично да се занимавате со бизнис и да уживате во блиско искуство на нови производи и презентации во живо. Создадовме нови формати за оваа пригода и ставивме важни тренд теми на агендата“.
Над 80 изложувачи од цел свет
Ниту еден друг саем не го покрива целиот синџир на вредност на автомобилскиот резервен пазар како Automechanika Frankfurt. На настанот ќе присуствуваат компании како Modula, G3, Peruzzo, Fabbri, Koni, Mc Guard, Edco, MF Transportsysteme, Climair, EAL, Tradekar, Gianso, Oto Konak и Gleddring каде ќе ги прикажат иновациите на производите во категоријата Додатоци и приспособување. Во областа Body & Paint во Сала 11, меѓу компаниите кои ќе се појават се и BASF Coatings, Chemicar Europe, Mipa, SATA и ZKF.
Излагачите во областа Car Wash & Care вклучуваат Otto Christ, Alfred Kärcher, Colourlock, AVW опрема, Interpump, Lavorwash, Comet, Innovative Chemicals, Koch Chemie, Washalia, MaFra и Soft99. Категоријата Дијагностика и поправка вклучува бројни компании кои ги прикажуваат своите најнови решенија, вклучително MAHA, Snap-on, Blitz Rotary, Texa, Nexion Corghi Group, Hunter, Abrites, Hella, Robert Bosch, Mahle, ZDK (Германска федерација за тргување и поправки на мотори) , Rhinomotive, Dometic Waeco, Autocom, Carbon Zapp, Autel Intelligent (CN), Würth, DAT, Celette France, Solera, Carbon, Prodyver, CTP GmbH, LiquiMoly, ROWE и RAVENOL. HaynesPro, GTÜ, soft-nrg и други познати компании од Германија и странство ќе презентираат нови решенија за управување со дилери и работилници на саемот.
Целиот спектар на делови и компоненти за автомобили, мотоцикли и комерцијални возила ќе биде претставен од компании како што се BPW Bergische Achsen, Jost-Werke, Meyle, ElringKlinger, NTN-SNR, MS Motorservice, Heinrich Eibach, DVSE-Topmotive, Schaeffler и Continental Aftermarket. Osram, Clarios и Lumileds се меѓу компаниите кои ги покажуваат своите најнови случувања во областа на електроника и поврзување.
Фокус и на останатите сектори
Најавени се и нови форми за вмрежување наменети за Б2Б секторот во вид на катчиња за дружење за да се привлечат повеќе индивидуалци од секторот би можеле да дојдат и да направат презентација на производи.
Денес, повеќе од кога било, фокусот е на иновациите и трендовите и тоа не се само штандовите на изложувачите. Изложбата „Innovation4Mobility“ претставува пионерски решенија за поврзани возила и климатски неутрална мобилност. Уште еден белег ќе бидат и производите кои се дел од Automechanika Innovation Awards. Оваа година се номинирани повеќе производи од кога било досега. Директорот на шоуто Олаф Мусхоф: „Ова испраќа силен сигнал и покажува колку е иновативна индустријата – нешто што е особено важно со оглед на актуелната ситуација. Мусхоф, исто така, планира форум кој се фокусира на управувањето со синџирот на снабдување со автомобили, област во која на индустријата и е потребен поголем дијалог и нови идеи.
Специјални настани за младите
Привлекувањето млади луѓе и таленти од сите возрасти на автомобилскиот резервен пазар е уште една област каде што е потребна акција. Затоа менаџментот на Automechanika Frankfurt ја стави обуката, професионалниот развој и регрутирањето на врвот на агендата. Се планираат специјални настани за ученици и новодојденци, како и работилници за управување со поправки од несреќи и обука за професионалци. Новата иницијатива на индустријата „Talents4AA“ ќе го насочи вниманието на можностите за вработување и кариера на саемот.
Одржливоста е друга област на фокус. Ова е втор пат Automechanika да биде домаќин на „Remanufactoring Day“. Настанот, кој се одржува во соработка со меѓународната асоцијација на преработувачи на автомобилски делови (APRA), ќе се одржи на 14 септември и вклучува експерти кои ги презентираат најновите случувања во преработката и циркуларната економија. Темата ќе биде присутна и во изложбените сали, со специјално зелено лого за репродукција што ќе ги идентификува оние излагачи кои нудат производи и услуги во оваа област.
Во текот на целата оваа година ќе има девет саеми на Automechanika, од кои четири само во јуни.
Преземено од Avtoplus.mk