VW ID.AERO најавен како нов електричен седан

82

Volkswagen се подготвува за премиерата на електричниот седан наречен ID.AERO кој ќе биде претставен во јавноста во концептна форма

Фолксваген објави нов интригантен тизер од својот претстоен електричен седан, кој ќе биде најавен преку претпродукциска студија наречена ID.AERO на 27 јуни.

Според VW, седанот ќе се натпреварува во „сегментот на високата средна класа со голем обем“ а од концептот ќе се создаде производствен модел кој најпрво ќе биде лансиран во Кина во втората половина на 2023 година. Volkswagen рече дека ќе следи сериски модел за европските пазари подоцна во 2023 година, а повеќе детали ќе бидат објавени во подоцнежна фаза.

Во основата на возилото се наоѓа платформата MEB на производителот, а врз неговиот надворешен дизајн има влијание од другите модели на VW ID, вклучувајќи ги ID.4 и ID.Buzz.

Оваа дизајнерска скица покажува дека концептот ќе биде претставен со комплексна LED низа задни светла која вклучува светлосна лента со целосна ширина. Можеме да видиме и дека ID. AERO има голем стаклен покрив надополнет со сребрени столбови. Со оглед на тоа дека се работи за студија, VW успеа да го дизајнира без никакви рачки на вратите. Исто така, прикажан е со сет од големи сребрени и црни тркала многу слични на оние што ги имаше неодамнешниот прототип на автомобилот што се нарекуваше Aero B.

Премиерата наскоро ќе ги открие сите детали

Од Volkswagen велат дека ID.AERO концептот има должина од пет метри, што го прави не само подолг од Passat 4.870 мм, туку и од BMW Серија 5 4.943 мм. Најновиот тизер доаѓа три месеци откако беше прикажана скица на предниот дел на автомобилот за време на презентација која открива LED светлосна лента со целосна ширина, агресивни доводи за воздух и извајан браник.

Техничките спецификации за концептот сè уште не се споделени. Сепак, имајќи предвид дека ќе ја користи платформата MEB на VW, претходните извештаи укажуваа дека ќе има пакет батерии од 84 kWh што треба да му овозможи на седанот опсег до 700 км според циклусот WLTP. Веројатно серискиот модел ќе се нуди во конфигурации со погон на задните и сите тркала со користење на истите електрични мотори како и другите модели со ID ознака.

Преземено од Avtoplus.mk