Jaguar XJS, кој производителот на каросерии Lynx го претвори во караван (Shooting Brake), ќе се најде на аукција за неколку дена преку Bonhams на Гудвуд фестивалот на брзина.
XJS беше премиерно прикажан во 1975 година со цел да им понуди на своите клиенти нешто уникатно. Lynx одлучи да ја развие верзијата Shooting Brake, лансирајќи го возилото во 1982 година како Eventer. Lynch Eventer го импресионираше поранешниот директор за дизајн и потпретседател на Gucci, Паоло Гучи. Тој ги контактирал Lynch и почнал да соработува со нив за развој на специјална Gucci варијанта на Eventer.
Готовиот автомобил беше претставен на салонот во Женева во 1990 година, но модната куќа не сакаше неговото име да се поврзува со проектот, па таблите на Gucci беа отстранети. Иако се планираше да се произведат 20 парчиња, тоа никогаш не се реализираше, што го направи овој Gucci Eventer уникатен, пишува „Jutarnji“.
Автомобилот неколку пати ги менуваше сопствениците, а сегашен сопственик од 2014 година е Иан Берг, ентузијаст на Jaguar и сопственик на Complete Classic Car Solutions. Берг успеа да стапи во контакт со две лица вклучени во оригиналното создавање на Gucci Eventer и ја започна реставрацијата. За време на реставрацијата, автомобилот беше обоен во двобојна сина завршница со златна лента што се протега по страните на автомобилот.
Кабината се издвојува со светло сина кожа на седиштата, панелите на вратите, тунелот од менувачот и воланот. Списоците покажуваат дека има и различни портокалови кожни површини и сиви облоги на таблата со инструменти и теписите.