Претставен јубилејниот 15. Weekend Media Festival

93

Организаторите на Weekend Media Festival (Викенд медиа фестивал)- најголемата регионална конференција, минатиот четврток во Јохан Франк ги претставија темите и најистакнатите имиња на Weekend.15. Собирот на експерти и ентузијасти од светот на медиумите, комуникациите и бизнисот носи многу содржини од различни области како што се ИТ, музика, медиуми и иновации. Weekend.15. ќе се одржи од 22 до 25 септември под слоганот #SAMODOĐI во веќе добро познатите простории на стариот Тутунски комбинат во Ровињ.

„Актуелни трендови, инспиративни говорници и опуштена атмосфера која поттикнува интензивно дружење ќе го одбележат и Weekend.15 во Ровињ. Оваа година имаме навистина разновидни теми кои ги придружуваат промените во општеството, па затоа ќе зборуваме за WEB 3.0, метаверзумот, еднорозите на иднината, TikTok, нарушувањето на иновациите, но и културата на откажување. Со нетрпение очекуваме да си поминеме одлично и заедно да создадеме нови Weekend спомени,  забавата секако нема да недостасува“, вели Томо Рицов, директор на Weekend Media Festival и агенцијата Pepermint.

За интересните и едукативни содржини, како и информативни презентации, ќе се погрижи Израелскиот новинар и публицист Јоси Мелман – еден од најголемите експерти во областа на шпионажата и меѓународната безбедност кој има напишано серија бестселери за Мосад и израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет. Некои од најпознатите литературни дела на Мелман се: „Every Spy a Prince: The Complete History of Israel’s Intelligence Community“, „Spies Against Armageddon“ и „The Master Terrorist: The True Story of Abu-Nidal“.

Од дигиталниот свет нѝ доаѓа Никола Дешковиќ, револуционер кој беше првиот кој успешно воспостави онлајн продажба на автомобили во Европа, и Вук Вуковиќ, еден од водечките домашни макроекономисти, кој ќе зборува за жешката есен и рецесијата која нè очекува  наредната година.

„Weekend фестивалот се разви во меѓународно признат настан, кој ги претставува општествените трендови, ја анализира медиумската и комуникациската реалност и ги разоткрива табуата, а сепак сè уште ја чува својата интимност на пријатно дружење и вмрежување на професионалци од Хрватска и регионот во едно од најубавите Јадрански дестинации – популарниот Ровињ. И оваа година нè чекаат одлични говорници, ‘скокотливи’ теми, новитети во индустријата, плодни дискусии и многу добра забава. Ова е всушност тајниот рецепт на традиционалниот успех на Weekend, кој по пандемијата е во ново, поатрактивно руво“, рече проф. д-р. Божо Скоко од Millenium Promotions, партнерската агенција на Фестивалот.

Одличната вечерна програма ќе придонесе за добрата посетеност на 15-тиот по ред Weekend Media Festival, а првото име кое организаторите го открија е Констратра, моментално најголемата регионална ѕвезда.

„Аdris е генерален спонзор и домаќин на Weekend Media Festival уште од првото издание. Успехот на фестивалот е резултат на заедничката визија, единствениот концепт и систематските напори што ги направивме низ годините. Adris во последните петнаесет години го трансформираше Ровињ во елитна туристичка дестинација, но и препознатлива дестинација за настани, за што секако придонесе и Weekend фестивалот, кој, како што секогаш сакаме да истакнеме, е нашата најголем, најдолготраeн и најочекуван настан. Weekend Media Festival сите овие години го одржа нивото без да ја изгуби својата актуелност, ангажман, па дури и провокативност, а истово го очекуваме и од овогодинешната програма“, истакна Кристина Миљавац од корпоративните комуникации на групацијата Adris.

Целиот настан ќе го заокружи фестивалот Golden Drum кој годинава ќе се одржи во рамки на Weekend фестивалот. Секоја година, овој меѓународен креативен фестивал ги наградува најдобрите идеи, најуспешните креативни тимови и вешти поединци кои ефективно ги оживеале иновативните идеи и со тоа оставиле свој белег во маркетинг индустријата, а овогодинешната главна тема на фестивалот е Rebuilding Connection. Голем број интересни говорници од светот на комуникациите најави Мојца Бришчик, претседател на Golden Drum.

„Golden Drum, како еден од најдобрите фестивали на креативност во светот, на сцената ќе претстави многу меѓународни лидери од креативната индустрија и пошироко. Меѓу многуте почитувани професионалци кои ќе ни се придружат во Ровињ ќе биде и Фабио Сеидл, директор за глобален креативен развој, Meta, САД, одговорен за кампањи ширум светот за реномирани брендови како што се Facebook, Instagram, WhatsApp, Messenger и Quest. Потоа Џејсон Ромејко, глобален извршен креативен директор и управен партнер на Serviceplan International, прогласен за независна мрежа на годината во Кан 2022 година. Ќе ни се придружи и Гада Вали, основач и креативен директор на Wali’s Studio, Египет – глобален TED – говорник и повеќе пати наградуван дизајнер кој разви арапски фонт кој беше избран за еден од 100-те најдобри графички дизајнерски дела во светот. Вали, исто така, се најде на европската листа на Forbs во 2017 година, станувајќи првиот Египќанец што се појавил во категоријата Уметност и имигранти. Покрај одличните говорници, на наградите Golden Drum Show на 23 септември ќе им се оддаде почит и на најдобрите креативни кампањи, агенции и поединци зад нив. Очекуваме уште едно одлично издание и собирање на кремот на креативната индустрија, овој пат во прекрасниот приморски град Ровињ“, изјави Мојца Бришчик, претседател на Golden Drum.

Помеѓу другите важни настани на Weekend.15, ќе бидат објавени и победниците на старт-ап натпреварот Food Tech организиран од Infobip, Maistra и Pepermint, кој беше објавен на Weekend Food Festival во мај. Сите заинтересирани старт-ап сè уште можат да аплицираат овде.

Сите информации и најнови вести за викендот можете да ги најдете овде, а сите новости да ги дознаете преку официјалните канали на Инстаграм и Фејсбук.