Како да не го изгубите багажот ако патувате со авион ова лето

192

Во време на огромни гужви на аеродромите, додека авиокомпаниите ширум светот одложуваат и откажуваат илјадници летови, патниците споделуваат неверојатни приказни за изгубениот багаж во кој имало венчаници, чевли, опрема за плажа…

Иако патниците не можат директно да влијаат на овие случувања, работниците во авиокомпаниите имаат неколку совети како да го намалат ризикот од губење на вашиот багаж ова лето:

1. Отстранете ги сите стари ознаки од вашиот багаж: „Тоа не се значки кои со гордост кажуваат каде сте патувале туку ги збунуваат скенерите кои се обидуваат да ја насочат вашата торба на вистинскиот излез“.

2. Не преполнувајте го куферот: „Тешките торби се заглавуваат и може да доведат до погрешна насока“.

3. Избегнувајте багаж со чудна форма како што се тркалезни чанти.

4. Отстранете ги непотребните етикети за чанти, ленти или машни кои исто така би можеле да се заглават во системот“.

5. Секогаш пишувајте го вашето име и телефонски број на ознаката на торбата за идентификација“.

6.Не ставајте вредни предмети во чантата што ја чекирате.

7. Секогаш спакувајте дополнителна (резервна) облека во рачниот багаж.