Падна цената на златото

56

Цените на златото паднаа на азиското тргување денеска бидејќи инвеститорите проценуваа какво влијание може да има заладувањето на американската инфлација врз идните одлуки за монетарна политика на Федералните резерви.

Златото скокна прво во средата, откако беше објавено дека американскиот индекс на потрошувачки цени забави повеќе од очекуваното во јули, што укажува на тоа дека ФЕД можеби ќе  биде  помалку агресивен во зголемувањето на каматните стапки.

Вчера цената на тој благороден метал најпрвин порасна за цели 0,8 отсто, на 1.807,93 долари, највисока од 5 јули, по што почна да се менува и тргувањето го заврши со пад од 0,1 отсто.

Златото го продолжи својот надолен тренд денеска на берзата во Сингапур, каде што цената на самото место падна за 0,3 отсто на 1.786,26 долари за унца рано попладне по локално време, пишува Bloomberg.

Oслабнаа и цените на среброто и паладиумот, додека платината зајакна.