Тојота, најголемиот светски производител на автомобили, го гради првиот „паметен град“ во светот во Јапонија.
Woven City ќе биде сместен во близина на подножјето на планината Фуџи, ќе се простира на 175 хектари и ќе биде целосно самоуправна населба со дизајн и намена да се тестираат новите технологии како што се самоуправувачко возење, роботика и вештачка интелигенција – во реалниот свет.
Прототипот на „град на иднината” ќе биде изграден од темел на местото на поранешниот фабрички погон „Хигаши-Фуџи”, којшто ја заврши својата децениска историја на производство на автомобили во декември 2020 година.
Замислата е сите луѓе во Woven City, како и зградите и возилата, да се поврзат и да комуницираат преку податоци во реално време и со вградени сензори. Овие врски ќе ѝ овозможат на „Тојота” да испитува и истражува како функционира напредната, најнова вештачка интелигенција и технологијата во реалниот свет, со минимален ризик.
Целосно поврзаниот екосистем на градот ќе се напојува со чисти извори на енергија како што се сончевата, водородни фосилни ќелии и геотермална енергија. Woven City ќе има три вида улици – за пешаци, за лица со лични возила и една за автоматско возење.