Ви недостасуваат добри идеи? Тестирајте го методот на успешен извршен директор

250

Даг Хирш има изненадувачки едноставен метод за генерирање на неговите најдобри идеи. Еднаш неделно седи сам некаде да си ги собере мислите. Седи така три до четири часа.

Хирш е ко-извршен директор и основач на компанијата за лекови на рецепт GoodRx. Тој верува во неговиот метод и вели дека еден од предизвиците е да се најде време да се биде сам. Хирш и партнерот Тревор Бездек управуваат со над 700 вработени. Нивната компанија е проценета на 2,43 милијарди долари.

Осаменоста му помага на бизнисменот да успее, пишува CNBC.

„Тоа ми помага да се затворам некое време за да размислувам и да бидам покреативен. Затоа тоа го правам секоја недела“, додава Хирш.

„Така поминувам квалитетно време со себе. Се враќам чекор назад од се, а во такви моменти ми доаѓаат најубавите идеи“, категоричен е тој.

За Хирш, тоа значи да седи сам некаде, можеби да напише нешто со рака или да ги искаже своите мисли на табла. Овие неколку непрекинати часови му овозможуваат да генерира многу од неговите најдобри идеи.

Тоа се обично идеи за нови производи и карактеристики, истражување за однесувањето на клиентите кое постојано се менува, размислување за тоа што прават конкурентите и како компанијата може да се справи подобро.

Хирш не е единствениот извршен директор кој верува во потенцијалот на неколкучасовна самотија.

Поранешниот извршен директор на AOL, Тим Армстронг, бара од неговите директори да посветуваат четири часа неделно на размислување.

Извршниот директор на LinkedIn, Џеф Вајнер, планира околу 90 минути дневно „тампон време“ за размислување.

Милијардерот, ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс има „недели за размислување“ двапати годишно. Оди некаде сам да размислува. Едно од овие патувања доведе до создавање на Internet Explorer во 1995 година.

Не мора да бидете извршен директор за да го испробате методот на Хирш и да ги искористите неговите придобивки.

Одвојувањето време за себе може да биде корисно за размислување за вашите цели во кариерата, за сите можни решенија за проблемот со кој се соочувате или за генерирање на нови идеи за да му понудите на вашиот шеф.

Не сте сигурни од каде да започнете? Следете ги стапките на Хирш и планирајте време за размислување во вашиот календар.

Без разлика дали избирате неколку минути секој ден или повеќе време, но еднаш неделно, овој ритуал ќе ви помогне.

Во статија на Harvard Business Review од 2017 година, добиваме неколку добри совети. Ни дава список на прашања на кои треба да ги фокусираме нашите мисли.

Добрите идеи не доаѓаат сами. Важно е да го нацртате патот по кој ќе одат вашите мисли.

Ако сакате длабоко да размислите за вашата кариера, може да си поставите прашања како: Каде сакам да бидам за пет години? Колку се развивам во мојата сегашна работа? Кои се областите на мојата работа каде што сè уште можам да се подобрам?

Хирш има уште еден совет за секој што сака да почне длабоко да размислува: дајте сè од себе.

Извршниот директор нагласува дека треба да покажете упорност и решителност. Ако сте планирале некое време да поминете сами во размислување, кога тоа ќе дојде, искористете го.

„Потребна е дисциплина“, вели Хиршер.