Македонските транспортери го блокираа Блаце

42

7264malaСо десетина камиони и автобуси македонските превозници вчера вечерта го блокираа граничниот премин Блаце во знак на протест за трговска блокада од Косово. Поради блокадата во прекин е сообраќајот за сите видови возила и во двата правца, информираат од АМСМ.

Генералниот секретар на здружението на транспортери МАКАМТРАНС, Биљана Муратовска, чии камиони се на Блаце, изјавува дека со блокадата сакаат да порачаат дека спуштањето на рампата од Косово е нестандардна и ригорозна мерка, што најмногу ќе ги погоди превозниците.

“Нашата намера целосно да го блокираме влезот и излезот на границата со Косово е во знак на протест. Бараме да се седне и да се преговара и да се престане со овие блокади, зашто ние транспортерите сме први кои ги чувствуваме последиците. Како и да е, што и да се случува понатаму, сепак ќе седнат на маса. Зошто да губиме време, вака најгласно ќе ја кажеме пораката што ја имаме, без намера да нанесеме било кому штета, зашто и без тоа сме блокирани, не можеме да влегуваме во Косово”, вели Муратовска.