Во битката да се овозможи подобра и навремена дијагностика и правилен медицински третман, Стопанска банка АД – Скопје донираше апарат за ултразвучен преглед соодветен за примена кај најосетливата група на пациенти – новородени и доенчиња.
Во рамки на својата улога на одговорен корпоративен субјект, Стопанска банка АД – Скопје го донираше апаратот 6C2P на Shenzhen Mindray Electronics кој е поставен на Клиниката за детски болести и успешно се применува согласно методата за дијагноза која проф. д-р Филип Дума ја постави пред 15 години.
“Овој апарат служи за ултразвучен (неинвазивен и без ренгенско зрачење) преглед на мозочните структури кај новородени и доенчиња преку физиолошките отвори меѓу коските на черепот. Снимањата досега се изведуваа со постар апарат со ограничени можности. Новиот апарат кој го добивме како донација од Стопанска банка, поседува повисоки перформанси кои се во правец на користења за визуелизација на суптилни структури како и doppler проценка на крвните садови на главата и мозокот”,директорката на Клиника за детски болести м-р Аспасија Софијанова.
“Во Стопанска банка АД – Скопје ја користиме секоја прилика што ја добиваме да им излеземе во пресрет на медицински центри како Детската клиника. На тој начин со нашата скромна донација помагаме да станат достапни врвни медицински инструменти, знаења и помагала до пошироката популација и со тоа да се помогне на бројни семејства. Горди сме што нашето место во корпоративното окружување го користиме за хумани цели и со тоа го оправдуваме слоганот на ваша страна кој е дел од идентитетот на Банката”, рече Диомидис Николетопулос, главен извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје.
Стопанска банка АД – Скопје во изминатите неколку години донираше опрема и за Детската клиника Козле, на Клиниката за пулмологија и дополнително ја помагаше едукацијата и надградувањето на бројни доктори и медицински лица.