Џордан го „прегази“ Марадона: Рекордна сума за дрес

131

Мајкл Џордан, кој важи за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, продолжува да урива рекорди.

На аукција негов дрес од првиот натпревар од финалната серија во 1998 година беше продаден за неверојатни 10 милиони долари.

Претходниот рекорд го држеше дрес на Диего Марадона од натпреварот против Англија на СП 1986 година, кога Аргентинецот го постигна контроверзниот гол познат како „божја рака“, за ова парче историја беа платени 9,3 милиони долари.

Пред аукцијата, очекувањата биле дека дресот на Мајкл Џордан од сезоната „Последен танц“, за која беше снимен и документарец, ќе се продаде за 3 до 5 милиони долари, но на крајот биле добиени рекордни 10 милиони долари.