GAC Aion Hyper SSR е првиот кинески електричен суперавтомобил

89

Производителот GAC и неговиот бренд за електрични возила Aion го претставија првиот сериски кинески електричен суперавтомобил Hyper SSR

Кинескиот производител на автомобили GAC Aion денеска на својот ден посветен на брендот, го покажа и целосно новиот модел, Aion Hyper SSR. Како прв сериски суперавтомобил на марката, а и на самата земја, целосно електричната ракета со две врати на тркала спринтот од нула до „стотка“ го достигнува за околу две секунди (0-96 км/ч за 1,9).

Додека релативно непознат за Западот, на домашен терен, GAC (Guangzhou Auto Corporation) е петтиот најголем производител на автомобили во земјата. GAC Aion е бренд на групата фокусиран на ЕВ со голем број успеси во Кина. На почетокот на годината, почна да го продава својот SUV LX Plus со домет од околу 1.000 километри, а во април ја отвори својата прва станица за замена на батерии.

Сепак, додавањето на суперавтомобил што го менува сегментот е промена на играта за брендот што го најави Aion Hyper SSR преку концептот Enpulse уште во 2020 година.

Еволуираниот сериски модел ќе се нуди во две различни конфигурации, од кои првата доаѓа со погон на задните тркала и 1.225 КС (913 kW). Наречен Hyper SSR Ultimate, тој ја дели таа моќ на сите четири гуми за подобро забрзување и влечење. Специфично е Ultimate што може да направи спринт од 0-60 милји на час за само 1,9 секунди.

Неочекувана цена за суперавтомобил

Се разбира, не е брзината, стилот или моќноста што го прави Aion Hyper SSR толку уникатен. Rimac Nevera, исто така, го достигнува спринтот до „стотка“ за околу две секунди, а истото важи и за Tesla Model S со четири врати. Она што е шокантно за целосно електричниот Aion е тоа што марката вели дека „ Ќе чини 1,68 милиони јуани или околу 240.000 евра. Верзијата со погон на задните тркала ќе чини уште помалку, 1,28 милиони јуани или околу 183.000 евра.

Внатрешноста на овој кинески суперавтомобил изгледа примамливо сама по себе. Се одликува со 8,8-инчен информативен дисплеј за возачот и 14,6-инчен централен инфозабавен систем. GAC Aion вели дека ќе има и „електронски механизам за менување од типот на лост“. Што точно значи тоа во пракса, ќе треба да дознаеме кога автомобилот ќе излезе на патиштата некаде следната година. Засега, планот е да се продава само во Кина, а дали ќе се најде на други пазари, останува времето да покаже.

Преземено од Avtoplus.mk