Формула за успех – четири вештини кои треба да ги имаат вработените во Apple

283

За почеток, треба да знаете дека шефот на компанијата, Тим Кук, не троши време на прегледување на биографиите на кандидатите за работа – но во неговите 11 години како извршен директор на Apple, тој утврдил што е потребно за да ја придвижи компанијата напред.

На церемонијата на отворање на Универзитетот Федерико II во Неапол на почетокот на октомври, Кук им кажа на дипломираните студенти на универзитетот дека забележал дека успехот на Apple зависи од нејзината култура и од кого ќе вработи.

На пример, компанијата обично бара вработени со четири заеднички вештини, кои се:

способност за соработка
креативност
љубопитност
професионализам
„Тоа беше многу добра формула за нас“, рече Кук, истакнувајќи дека тие особини придонесуваат и за амбициозна, но поддржувачка култура на работното место, истакна шефот на американската компанија.

Тој вели дека причината – зошто соработката е толку важна – е тоа што ги комбинира сите три други вештини.

– Бараме… Основното чувство дека ако ја споделам мојата идеја со вас, таа идеја ќе расте, ќе стане поголема и подобра. А тој процес [партнерски] е како Apple создава производи. Тоа чувство за тимска работа дава креативност и љубопитност, бидејќи сите три се потребни за да се започнат нови или да се подобрат старите идеи – изјави Кук.

„Бараме луѓе кои размислуваат поинаку – кои можат да гледаат на проблемот и да не се фатат во догмата за тоа како тој проблем отсекогаш бил [решен]. Тоа е клише, но нема глупави прашања. Неверојатно е кога некој почнува да поставува прашања како дете“.