Цукерберг ги претстави новите Meta VR очила од 1.500 долари

115

Основачот на Meta, Марк Цукерберг, претстави нови Meta Quest Pro VR  очила со додатоци кои чинат 1.500 долари. Претходната верзија на VR очила на компанијата чинеа 400 долари, а најновото издание е поскапо за 1.100 долари.

Цукерберг соопшти дека испораката почнува од 25 октомври.  Meta Quest Pro VR хедсет, доаѓа со нови технологии како што е мобилниот Snapdragon chipset Qualcomm што овозможува подобрена графика на виртуелна реалност, а контролерите доаѓаат со подобрени сензори на допир, вградени сензори за попрецизни движења на рацете, како и со нови леќи за подобрено искуство за читање.

Некои од апликациите на кои корисниците ќе имаат пристап се Teams и Microsoft 365, како и некои 2D игри од Xbox Cloud Gaming сервисот.