Словенечкиот банкарски систем, според мислењето на Standard & Poor’s е во лоша положба, слично на банките во Казахстан. Најголем проблем, според аналитичарот Пјер Готје се државните банки, а приватните банки се помалку проблематични.
Сепак, Готје вели дека Банка на Словенија со одлуката да ликвидира две банки, Пробанка и Фактор банка, покажала одлучност да ја реши банкарската криза.
Во S&P предвидуваат дека Словенија, но и останатите источноевропски држави, по потреба ќе им нудат поддршка на своите системски важни банки.