Air Serbia од октомври со нови линии и повеќе летови

44

air serbiaНационалната авиокомпанија на Србија, Air Serbia, вчера најави нови дестинации, зголемување на бројот на летови на линиите на кои веќе лета и почеток на програмата на обнова на флотата со замена на авионите Boeing 737-300 со Airbus 319.

Од 26 октомври, од белградскиот аеродром Никола Тесла Air Serbia редовно ќе сообраќа кон Абу Даби, Бања Лука, Букурешт, Љубљана и Прага, а се разгледува и воведување на нови дестинации, јавува Танјуг.

До јуни 2014 година, компанијата двојно ќе го зголеми бројот на редовни линии и капацитети. За да им се излезе во пресрет на патниците, кон најчестите и најважни деловни дестинации Париз, Цирих и Москва ќе се лета два пати дневно, за да можат патниците од овие градови да се вратат во Белград истиот ден.