Доларот ослабе, цената на нафтата падна

223

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 106,57 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 106,99 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 140,15 на 139,85 јени. Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0360 долари, додека вчера во ова време беше 1,0320 долари, пренесува Индекс хр.

Цените на нафтата, пак, паднаа, губејќи дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,54 отсто, на 93,35 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,74 отсто, на 86,30 долари.