Со мерката 72 часа без виза, Русија ќе го зголемува бројот на туристи

44

moskvaТуристите од Европа, Азија и Северна Америка, кои во транзит минуваат низ Русија, ќе можат во оваа земја да се задржат 72 часа без виза. Оваа мерка се однесува на држави кои не се закана во поглед на илегалната имиграција.

Русија на почетокот на месецов утврди нацрт закон според кој граѓаните од странски држави, кои доаѓаат како транзитни патници на 11 меѓународни аеродроми во Русија, можат да поминат 72 часа во оваа земја без виза.

Транзитот без виза ќе им биде одобрен на бројни европски држави. Меѓу нив се Франција, Велика Британија, Шпанија, Шведска, Финска, Швајцарија, Австрија, земјите од Бенелукс, Полска, Унгарија, Чашка и Словачка. Оваа привилегија ќе ја имаат и државјани на САД, Канада, Кина, Јужна Кореја, Јапонија, Иран и Австралија.

Со оваа мерка се очекува бројот на туристи во Русија да порасне од 30% до 45%, јавува РИА новости.

Од 47 милиони странци што влегле во Русија минатата година, само 2,5 милиони биле туристи.