УЈП ја објави најновата листа на должници

232

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.12/2022 за долгови доспеани до 31.08.2022 и неплатени до 30.11.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.12/2022 објавени се 1.660 должници – правни лица (повеќе за 8 од претходната листа) и 3.264 физички лица (повеќе за 55 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2022 изнесува 7.904.915.060 денари, повеќе за 15.032.847 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.698.180.621 денари, повеќе за 14.307.845 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 206.734.439 денари (повеќе за 725,002 денари од претходната листа).